лакира (св. и несв.)
Нели можело волкот, наместо да спие, токму тогаш да си ги лакира ноктите или да си ги корне веѓите, и наместо тој, ловецот да биде начекан неподготвен?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Марије млада невеста промискуитетна и нечесна сеуште мажи шармираше а висок морал пропагираше Везден нокти лакираше со свекрва очи си вадеше до ова да дојде немаше да мислеше дур се ебаваше Сексот и градот го гледаше и ретко алишта пеглаше во бракот што влезе се каеше ни јајца да спржи не знаеше
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Па нервозно кршат прсти и ги лакираат ноктите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)